Saturday, January 12, 2013

Многумина се прашуваат каде е тој Реал од минатата сезона,кој газеше се пред себе,но никој го нема откриено одговорот..



Сезоната навидум почна како од соништата го освоија Супер Купот во двомечот со Барса а највеќе воодушевиа со вториот натпревар во кој ги победиа со стил а секако резултатот можеше да биде многу многу поголем од 2-1.Иако во своите редови ги доведоа толку посакуваниот Лука Модрич и искусниот Есиен шефот Моурињо не е задоволен со трансферите за летниот преоден рок.Тој е лут што управата на клубот дозволила да ПСЖ го украде бразилскиот надежен фудбалер Лукас Моура.Во кралскиот клуб познато е дека ретко кога ситуацијата е смирена и се е под контрола а најдебелиот крај го извлече капитенот Касиљас кој после лошите игри на тимот беше оставен на клупата што предизвка шок низ целиот фудбалски свет.Точно е дека минатата сезона беше доста исцрплива за нив,но секако дека вреди да играат и да се изморуваат,тие се светски фудбалски ѕвезди и примаат огромни суми на пари.Честа да играш за кралскиот клуб е голема,а во него одсекогаш играле најголемите фудбалери,но оваа ситуација не е добра,оваа сезона се далеку од нивната доминантност,играта е некомпонирана без никакви идеји и затоа се слабите резултати.Лигата е веќе изгубена,единствен спас е Кристиано Роналдо,сите мадридисти чекаат на него,а позитивно нешто од ова може да биде што ќе можат со полни сили да се упатат кон освојувањето на лигата на шампионите,нешто што го сонуваат веќе 10 години.Ќе видиме..

0 comments :

Post a Comment