Tuesday, December 17, 2013

Сите првенства можат да се пофалат со своите легенди но само Сериа А може да се пофали со своите ИКОНИ..Се работи за фантастичната четворка предводена од овие четворица фудбалери кои беа од голема важност за развојот на "Kaлчото''.

Хавиер Занети-Тој засекогаш ќе биде младо момче.Начинот на кој го води својот тим Интер е неверојатно.Тој во својата долгогодишна кариера во италијанскиот фудбал
искуси лоши и добри моменти а во 2010 година го стигна врвот.Покрај неговите големи фудбалски капацитети,него го краси верноста за клубот,скормноста и способноста да биде лидер.

Алесандро Дел Пиеро-Неговата најпозната изјава е:''Правиот џентлмен никогаш не ја напушта својата дама''.Тоа е неговата слика,тој е вистински џентлмен во и надвор од теренот.И покрај многуте повреди тој никогаш не дозволи токму тие да се одразат на неговата игра.Тој беше и остана мајстор,неговите дриблинзи и голови засекогаш ќе бидат запаметени.

Паоло Малдини-Почна со Милан во втората лига,остана во овој клуб целиот живот а росонерите ги оствариа најголемите успеси додека овој човек играше за овој тим.Самите резултати си го кажуваат своето а Малдини има огромен удел во тоа бидејќи беше поим за дефанзивец и страв и трепет за тогашните голгетери.

Тоти-Но Тоти,Но Парти.Рома не е Рома ако овој играч не е на теренот.Тој е икона 
на градот Рим,поголем е и од Ромул и Рем.Неговата посветеност кон клубот е завидлива 
и ден денес безразлика кој фудбалер ќе пристигне во Рома безразлика дали е ѕвезда,Тоти е секогаш најдобриот и предводникот и човекот во кој сите веруваат.Овој фудбалски мајстор е на добар пат да стане и најдобриот стрелец во Сериа А на сите времиња.Тоа би го направило него фудбалски бесмртен.

Се надевам дека ви се допадна текстот
Напишано од:Mарко Костовски

0 comments :

Post a Comment