Friday, January 11, 2013

Нури Сахин после 1 несупешна сезона во кралскиот клуб премина во Енфилд Роуд а и таму не се снајде баш..па еве го повторно дома..

Никаде не е како во својот дом,а тоа e Борусиа Дортмунд за овој турски креативец.Тој уживаше во 2010/11 сезона кога со својата екипа ја освои бундеслигата а токму тој ја имаше главната улога за сетотоа и беше лидерот,мозокот на екипата.Следната сезона после толку многу клубови заинтересирани за него,тој го одбра Реал Мадрид што и не е нешто чудно со оглед на тоа што секој фудбалер сонува да заигра на Сантиаго Бернабе.Тој сон му се исполни на Сахин но тоа не беше убав сон..Откако пристигна во клубот во него гледаа нов креативец и поединец кој ќе придонесе во пас играта на кралевите но се тргна лошо..На почетокот од сезоната се повреди и чекаше долго време за своето деби.Низ целата сезона неуспеавше да влезе во форма,па успеа да забележи само 10 настапи во кои постигна 1 гол и асистираше еднаш.Откако заврши оваа несупешна камапања Нури е позајмен во Англија и тоа во Ливерпул.Но и таму не ја пронајде својата форма и играше само 12 натпревари во кои даде 3 гола и 3 асистенци..Очигледно не го прати среќата овие две години,времиња во кои овој талент требаше да стане новиот Чави или Пирло,но ништо од тоа..Актуелниот шампион на германската лига го врати својот пулен во своите редови со што се очекува турчинот да прикаже барем дел од тоа што го правеше некогаш а галактикос можат да го вратат во секој момент,но се зависи од него..

0 comments :

Post a Comment