Thursday, January 24, 2013

Овие натпревари би требало да го одбележат следното коло во италијанската прва лига..

Лацио - Киево

Киево го нема квалитетот да се спротистави на Лацио но небесно сините имаат битна задача овој викенд а тоа е трите бода против летечките магариња.Предвиден резултат(3-1)

Болоња - Рома 

Екипата на Болоња е далеку подоле од римската волчица но и момците на Земан не блескаат во последно време додека Диаманти и соиграчите оствариа неколку добри играчи во последно време.Предвиден резултат(2-1)

Парма - Наполи

Млекарите ја започнаа оваа година на солиден начин,но Наполи уште подобро,патем го имаат Кавани кој има фантастичен скор сезонава,неговата екипа ќе има притисок за да ја продолжат битката со Јуве за врвот но се очекува без проблеми да победат.Предвиден резултат (0-2)

Катаниа - Фиорентина

Виолетовите немаат победено три натпревари така да сигурно дека овој пат ќе загризат за победата малку повеќе,но тоа ќе биде тешко со оглед на тоа што мотивираните Катаниа имаат само 4 бода помалку и ова за нив ќе биде предизвик за трите бода.Предвиден резултат(1-1)

Интер - Торино

Нераѕурите имаа многу дупки во одбраната против Рома во купот на Италија,овој пат ќе мораат повнимателно но тешко дека можат да остварат лесна победа.Предвиден резултат(1-1)

0 comments :

Post a Comment