Thursday, January 17, 2013


Селекцијата на Чеде Јаневски во новата година по нови походи и подобри успеси..

Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за една позиција и во 2013 година почнува како 80. во светот според најновата ранг-листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавена денеска. Можност за позитивен континуитет ќе има на 6 февруари во пријателскиот тест со Данска во Скопје. Данците ќе истрчаат на „Филип Втори“ како 23..

Промени нема меѓу водечките на планетата во однос на декември. Шпанија останува на лидерската позиција пред Германија и Аргентина, а топ 10 го дополнуваат Италија, Колумбија, Англија, Португалија, Холандија, Русија и Хрватска. „Коцкестите“, впрочем, се најдобро рангирани во нашата група во квалификациите за Светското првенство во 2014 година, но прогрес бележат и сите останати учеснички во неа. Белгија скокна за една позиција и до наредната листа на ФИФА ќе биде 20., идентично напредување (+1 место) впиша и Србија (37.), а едно скалило погоре се искачи и Велс (81.). Најмногу позиции, три, напредуваше Велс на 69.


0 comments :

Post a Comment