Thursday, January 17, 2013


Гигс ќе игра и на 40 години


Рајан Гигс во последните две децении се промовираше во легенда на Манчестер Јунајтед и на Премиерлигата воопшто. Како што во моментов стојат работите, тој се уште има и тоа како што да му пружи на својот тим, нешто што доби потврда и во една од последните изјави на Алекс Фергусон.
„Гигс ќе игра уште една сезона. Во неговите настапи нема никакви знаци на замор, ниту пак пад во формата. Очигледен е квалитетот кој го поседува и се гледа дека се уште е ’гладен’ за фудбал“ - рече менаџерот на Јунајтед по победата на неговиот тим над Вест Хем во третата рунда од ФА купот.
Во тој натпревар, кој тимот од Манчестер го доби со 1:0 на својот Олд Трафорд, 39-годишниот Велшанец на теренот ги мина сите 90 минути во неговиот вкупно 15. настап оваа сезона.
Гигс од сега веќе далечната 1990. година е дел од првиот тим на Јунајтед со кој тој успеа, меѓу другото, да освои 12 титули во Премиерлигата и два трофеи во Лигата на шампионите.


0 comments :

Post a Comment