Sunday, December 30, 2012

Среќни празници ви посакува екипата на ''ФУДБАЛ'',многу успеси,среќа и здравје да ве следи во новата година.И во оваа 2013 година ќе не чекаат доста возбудливи моменти во сите натпреварувања,во сите првенства и европски натпреварувања.И секако,ќе ја поддржува нашата фудбалска репрезентација која во почетокот на овој квалификациски циклус покажа дека има квалитети да демонстрира атрактивна игра која ветува.Се надеваме дека оваа година ќе ја паметиме по добри работи..Позз




Saturday, December 29, 2012

Сигурно сега ќе помислите дека се работи за Роналдо,Меси или па Ел Шарави,Нејмар итн..Но сепак не е ниту еден од нив.Се работи за сензацијата на годината во премиер лигата,а тоа е Мичу.



Мичу Мигел Перез Куеста има 26 години,игра како напаѓач и е левоног.Минатата сезона тој во Ла Лига постигна 15 голови во 37 натпревари што е доста солиден учинок.Тоа му  се допадна на англискиот прволигаш Свонси,кои успеваат да го донесат во своите редови за само 2 милиони фунти.Неговото деби беше на 18.8.2012 против екипата на КПР,а во тој натпревар тој постигна два гола и забележа една асистенција.Потоа во остатокот од сезоната тој  додаде уште 11 голови,и сега е втор стрелец со 13 погодоци зад Ван Перси во најсилната англиска лига.

Овој голгетер,неодамна беше повикан да биде шпански репрезентативец,а истотака многумина мислат дека е направена феноменална зделка доведувајќи класа играч за само толку мала сума на пари,се надеваме дека успешно ќе го одработи и вториот дел од сезоната..


Wednesday, December 26, 2012

До сега завршиа седум натпревари а најинтересен беше оној на Ман Утд со Њукасл со резултат 4:3..Oстанатите два натпревари ќе бидат прокоментирани на страната откако ќе завршат..еве ги резултатите

                                           

England - Premier League

FTEverton2 - 1Wigan AthleticView eventsMore info
FTFulham1 - 1SouthamptonView eventsMore info
FTManchester United4 - 3Newcastle UnitedView eventsMore info
FTNorwich City0 - 1ChelseaView eventsMore info
FTReading0 - 0Swansea CityMore info
FTSunderland1 - 0Manchester CityView eventsMore info
FTQueens Park Ra…1 - 2West Bromwich …View eventsMore info
 









Monday, December 17, 2012

Новогодишни шпекулации во Англија

Кликнете на здебелените букви за да го гледате клипот !!

Sunday, December 9, 2012

Нашиот Youtube канал !!

Кликнете на здебелените букви за да го разгледате каналот..

Saturday, December 8, 2012

Која европска лига има најмногу странци ?!

Кликнете ги здебелените букви за да го гледате клипот..

Friday, December 7, 2012

Кои ќе направат трансфер во Јануари ?!

Кликнете на потцртаните и здебелените букви за да го гледате нашето најново видео !! Уживајте ..

Sunday, November 18, 2012

Ф У Д Б А Л - Трејлер видео

Од сега можете да не следите и преку видеа се надеваме дека ќе ви се допаднат и дека ќе субскрибнете.Поздрав..

Saturday, November 10, 2012



- Бербатов,Жируд и Чичарито постигнаа два гола во Премиер Лигата ова коло.

-Артета промаши пенал во 95тата минута кој можеше да им донесе три бода на топџиите.

-Актуелниот италијански шампион забележа победа против Пескара во која постигнаа 6 гола а примиа 1.

-Напаѓачот на Јуве,Фабио Кваљарела имаше ефикасна ноќ во која постигна хет трик и една асистенција.

-Овој ден го одбележаа петте автоголови во најдобрите пет лиги во европа.

-Најефикасе натпревар денеска беше помеѓу екипите на Сарагоса и Депортиво односно со резултат 5-3.

Monday, November 5, 2012

Сопствениците на оваа страна неможат да ја работат страната и блогерот поради свои причини,затоа бараме админи кои добро ќе си вршат својата задача.

Еве ги условите:

-Треба добро да се познава англискиот јазик

-Секогаш да се пишува во македонска поддршка

-Да не се копираат линкови од други страници

-Превземање вести од www.soccerway.com,goal.com google.com итн..

-Пишување колумни 

-И последен услов е да се почитуваат сите горе наведени услови..Поздрав од ФУДБАЛ МК.


Friday, October 26, 2012

Нешто попознати фудбалери кои се родени на денешен ден

Кристиан Киву (Интер)

Дмитри Сичев (Локомотив Москва)

Адриано Кореиа (Барселона)

Во листата на најгруби играчи со највеќе добиени жолти или црвени картони(играчи со 7 поени односно,жолт=1поен,црвен 2,5)нема ниту еден фудбалер од премиер лигата.

Од топ 10те најдобри стелци во европа дури пет фудбалери се од шпанската лига.

Барселона е единствената екипа од големата четворка најсилни лиги во европа,да е лидер и да има примено двоцифрен број на голови односно 11.

Составот на Баерн Минхен е најдобар на стариот контитент во овој дел од сезоната,со освоени 24 бодови постигнато 26 голови и примено 2 гола.

Ридинг и КПР се единствените екипи кои сеуште ја чекаат својата прва победа во елитната 4творка најсилни лиги.



Tuesday, October 23, 2012

18710194+1522WWWDW
28611145+919LWWWD
38602158+718WWWLL
48602136+718WWWWL

Јувентус како и што се очекуваше,доминира во италијанската лига и натаму без пораз и натаму со одлични пружани партии,од друга страна наполитанците играат квалитетно сезонава предводени од триото Хамшик,Пандев и Кавани,но иако неуспеаа да им парираат тие остануваат во трката бидејќи имаат доста квалитетни играчи кои се во постојана ротација.На третата позиција се наоѓаат Лацио кои се и оваа сезона ја покажуваат својата класа а дуото Хернанес-Кандрева со своите умешности ќе го предводат тимот оваа сезона,додека зад нив се Интер кои го играат нивниот препознатлив стил на игра со црврста одбрана и малку но доволни голови за да остварат солидни 6 победи кои сигурно дека ги става како едни од конкурентите за скудетото оваа сезона...

Спартак Москва18 : 00БенфикаMore info
 Барселона20 : 45СелтикMore info
 Шахтјор Доњецк20 : 45ЧелзиMore info
 Манчестер Јунајтед20 : 45Спортинг ЛисабонMore info
 Нордјеланд20 : 45ЈувентусMore info
 Бате20 : 45ВаленсиаMore info
 Лил20 : 45Баерн МинхенMore info
 Галатасарај20 : 45КлужMore info


Friday, October 19, 2012

Македонската фудбалска репрезентација е во период на трансформација во која многу млади сили покажаа и докажаа дека имаат потенцијал и можат да ги бранат црвено-жолтите бои..

Да направиме пресек,има ли некој од кој сме очекувале многу а тој не возврати со добра игра а воедно ја нарушува хармонијата во екипата..?Да тоа Горан Попов кој е долгогодишен стандарден лев бек во тимот,но дали му поминува времето се повеќе се прашуваме.Во трите натпревари во кои настапи овој фудбалер одигра вкупно 261 минута во кои не го препознаваме нашиот Горан кој порано царуваше по левата страна.Новиот селектор на Македонија,Чеде Јаневски го искажа своето незадоволство од прикажаното на Попов,односно лошиот тајминг при одзимање на топки,очајните центрашути и пред се неговото недолично однесување пред натпреварот со Србија кога тој одлучи да го изостави од првата 11ка што бекот не го прифати добро и преку некои гестови кои го нарушуваат системот на односи најверојатно ќе биде исфрлен од репрезентацијата заедно со Стевица Ристиќ.Но не е крај на светот тука е Лазевски кој одлично си ја изврши работата при победата против српската репрезентација,а и да не го забораваме Јани Урдинов(навредувачот)кој иако кажа некои работи што не треба,неможеме да го оспориме неговиот талент и фудбалски потенцијал.

Екипата на Вукефалас односно нисколигаш во нашиот јужен сосед поради финансиските проблеми и немање на спонзор спасот го најде во проституцијата,секако дека не прават никакви недозволени бизниси само се одлучиле на ретко спонзорирање односно на своите дресови имаат натпис ''Вила Еротика",што во превод би значело еротична вила воедно тоа е некоја јавна куќа предводена од Сулина која вложила 1000 евра за овој бизнис со цел да помогне.

Monday, October 15, 2012

Бекот на бјанконерите е сигурен во победа против својот лут ривал Наполи,и смета дека и публиаката ќе има свој удел во тоа.

"Двете екипи се фокусирани на овој натпревар а истотака и добро подготвени.Ние сме свесни за нашите квалитети но и тие имаат силен тим,како и да е мислам дека домашниот терен и публиката не доведува до предност на овој натпревар".

Оваа сезона планираме да ја одбраниме титулата во Сериа А,а тоа ќе биде тешко со оглед на тоа што има доста квалитетни екипи кои ќе ни задаваат проблеми,но истотака се фокусираме и на лигата на шампионите каде сакаме да стигнеме доста далеку,затоа сакаме да играме добро.-заврши Паоло..

Натпреварот ќе се одигра 20.10.2012 во 18:00 часот.

Sunday, October 14, 2012

Напаѓачот на Јувентус доби лавина критики по завршувањето на мечот помеѓу неговата репрезентација и Ерменија во која Италија славеше со 3-1.

Но атомската мравка не чекаше многу и веднаш им врати на зборлестите новинари кои немаат мерка.

"Вие велите дека сум играл лошо..лол тоа е чудно.." 

''Ако не сум постигнал гол немора да значи дека сум потфрлил,дали вие ги приметувате и перформансите потезите низ натпреварот најбитно е дека ние победивме а што е до мене секогаш ќе гледам да целам накај голот да асистирам да постигнувам.."

"Секако и головите се битни се надевам ќе стигнат во скоро време во овој период доста промашив а можев да постигнам барем 3-4 гола повеќе но тоа е тоа,ќе биде подобро.-заврши брзоногиот напаѓач.

Friday, October 12, 2012

Немања Видиќ ги одби понудите на Јувентус и Барселона кои се обидуваат да го доведат во своите редови.

Бјанконерите се вклучуваат во трката со Манчестер Јунајтед за полскиот напаѓач,Роберт Левандовски.

Екипата на Сампдориа се интересира за Алесандро Матри кој оваа сезона не добива вистинска шанса во тимот на старата дама.

Луис Нани до крајот на сезоната ќе остане во својата екипа до крајот на сезоната.

Себастиан Џовинко го седна Балотели на клупата за натпреварот Италија-Ерменија.

Асистент тренерот на бјанконерите оваа недела ќе се врати на работа откако ја изработи казната која ја доби заедно со Антонио Конте.

Враќањето на Анџело ќе биде против мега дербито со најголемиот ривал оваа сезона на Јувентус,односно екипата на Наполи,натпреварот ќе се одигра следната сабота.

Thursday, October 11, 2012

Дефанзивецот на  Јувентус очекува тежок и пред се интересен натпревар за гледачите бидејќи ќе се сретнат против своите најголеми конкуренти за скудетото.

''Ќе биде интересно како и на натпреварите против Интер или Милан,ние посакуваме да ја контролираме играта низ целиот меч иако знаеме дека ќе биде тешко против Наполи,но со оглед на тоа што сме во одлична форма очекуваме таа и да ја продолжиме".

Џорџо Киелини моментално е на подготовки со неговата репрезентација за квалификационите натпревари за светското првенство против репрезентациите на Ерменија и Данска.

Tuesday, October 9, 2012

Се работи за дефанзивецот на Сампдориа,екипа која прави камбек во најсилната италијанска лига откако настапуваше во понизок ранг.

Даниеле Гастадело во текот на овие 7 кола одиграл 6 натпревари а во тие 4 пати заработил жолт картон а еднаш и црвен што го прави најгруб играч во овие воведни кола во калчо лигата.

Бразилскиот везен играч кој веќе е главен играч на екипата на Лацио тврди дека неговата екипа може до скудетото ако продолжат да играат во ваков ритам.

''Нема опуштање ни на момент мораме да бидеме сигурни во себе да се бориме за секоја топка а  што е до мене секогаш ќе го давам максимумот за својата екипа,оваа сезона ќе биде поуспешна од минатата".

Главни конкуренти за титулата се Јувентус и Наполи,преостанува да видиме дали римјаните ќе успеат да им ги поматат сметките на фаворитите.

Данскиот напаѓач ова лето се пресели во Торино како позајмен играч од Арсенал а досега има настапено само на еден натпревар.Тренерскиот тим на италијанскиот шампион не му  дозволи на Никлас да игра во изминатите натпревари според неговата физичка подготвеност но поради големата конкуренција прашање е дали воопшто ќе добие вистинска шанса во екипата.

Воедно незадоволство за овој трансфер изрази агентот на Виченцо Јакинта кој оваа трансфер зделка ја нарекува како безмислена односно безпотребно трошење пари за резерва додека го имаат Јакинта кој се труди на тренинзите и кој сеуште е тука но сепак е третиран како да е заборавен.

Оваа ситуација истотака станува поозбилна со фактот дека Јувентус се интересираат за центарфорот на Рома,Пабло Освалдо.


Блиските извори на клубот тврдат дека нераѕурите се каат со тоа што го оставија во редовите на Наполи со оглед на тоа што не е лесно за 7 и пол милиони евра да се најде таков велемајстор како што е македонецот.

Фифа агентот трврди дека безмислено е да се споредуваат Родриго Паласио и Горан Пандев кој е комплетен играч кој знае да асистира и да финишира и кој беше важна фигура во тимот на Интер во триумфалната 2010.

Нашиот репрезентативец доби многу пофалби откако ги реши Удинезе со својот прекрасен гол а тој во своето интервју изјави дека заедно со своите соиграчи можат до титулата.Што друго да се каже за гигантот од Милано едноставно во моментов можат само да жалат за нашиот најдобар фудбалер.




Saturday, October 6, 2012


Искусниот дефанзивец на Милан, Даниеле Бонера смета дека најголема опасност по голот на неговиот тим ќе биде напаѓачот на „нероаѕурите“, Диего Милито.


Двата милански клубови в недела ќе ги одмерат силите на Сан Сиро, а како што вели Даниеле Бонера, неговите соиграчи најмногу треба да внимаваат на опасниот Милито.

„Кој е најопасниот фудбалер на Интер? Јас би рекол Диего Милито.Тој во изминатите натпревари ни нанесе голема штета.Мораме да внимаваме на него“- изјави Бонера.
Аргенинецот има постигнато вкупно 8 голови против Милан во својата кариера – два со тимот на Џенова, и 6 со „нероаѕурите“.


Крилото на Порто,Џејмс Родригез за кој веќе подолго време се заинтересирани бјанконерите има шанси да пристинге во Торино откако неговиот агент ги потврди преговорите меѓу двете екипи.Португалскиот шампион сигурно дека ќе побара пристојна сума на пари за да се откаже од својот играч а Јуве ќе проценат дали вреди за тие пари.

Денеска истотака има нова трансфер вест за италијанскиот шампион,но не толку добра бидејќи екипата на Шалке 04 експресно ги отрфли понудите за Хунтелар откако Јувентус го посака во своите редови.

Стефан Ел Шарави - Млад,талентиран,амбициозен

Популарниот фараон како го нарекуваат неговите фанови во овие тешки моменти на екипата на Милан,како вистински лидер ја предводи екипата со еден збор тој во моментот е владетел во Милано.Во овие 6 кола тој постигна 4 голови од кои три од нив се први постигнати во натрпеварот во кој играле росоњерите што значи дека тој е играчот кој ја покренува иницијативата а фановите на италијанскиот вицешампион уживаат да го гледаат својот нов херој.

Стефан Јоветиќ - Млад,зрел,докажан

Ова е втора сезона во која црногорскиот интернационалец е лидер на својата екипа а истотака и оваа сезона ги воодушевува своите навивачи со неговата игра.Стефан одлично започна,4 натпревари четири велемајсторски гола а три од нив беа предводни за виолетовите во нивните натпревари,тоа го прави најспособен играч во својот тим и е на добар пат да биде меѓу најдобрите фудбалери во европа.


Стоперот на Торино,воедно и посакуван од многу италијански гиганти,вели дека е среќен во неговиот клуб,но сака да оди во странство.

''Сакам да научам и за другите култури,во Италија ми е убаво,но сакам да променам,англискиот фудбал ме фасцинира и сакам да одам таму''.

Овде ми е прекрасно,имам долг договор,и додека сум тука секогаш ќе го давам максимумот,на тренинзите и на секој натпревар.

Јас го правам тоа за себе и за тимот,секогаш одам на победа и сакам да ги задоволам навивачите,тоа ќе го правам во секој клуб.