Saturday, October 6, 2012


Искусниот дефанзивец на Милан, Даниеле Бонера смета дека најголема опасност по голот на неговиот тим ќе биде напаѓачот на „нероаѕурите“, Диего Милито.


Двата милански клубови в недела ќе ги одмерат силите на Сан Сиро, а како што вели Даниеле Бонера, неговите соиграчи најмногу треба да внимаваат на опасниот Милито.

„Кој е најопасниот фудбалер на Интер? Јас би рекол Диего Милито.Тој во изминатите натпревари ни нанесе голема штета.Мораме да внимаваме на него“- изјави Бонера.
Аргенинецот има постигнато вкупно 8 голови против Милан во својата кариера – два со тимот на Џенова, и 6 со „нероаѕурите“.


0 comments :

Post a Comment