Tuesday, October 9, 2012

Данскиот напаѓач ова лето се пресели во Торино како позајмен играч од Арсенал а досега има настапено само на еден натпревар.Тренерскиот тим на италијанскиот шампион не му  дозволи на Никлас да игра во изминатите натпревари според неговата физичка подготвеност но поради големата конкуренција прашање е дали воопшто ќе добие вистинска шанса во екипата.

Воедно незадоволство за овој трансфер изрази агентот на Виченцо Јакинта кој оваа трансфер зделка ја нарекува како безмислена односно безпотребно трошење пари за резерва додека го имаат Јакинта кој се труди на тренинзите и кој сеуште е тука но сепак е третиран како да е заборавен.

Оваа ситуација истотака станува поозбилна со фактот дека Јувентус се интересираат за центарфорот на Рома,Пабло Освалдо.


0 comments :

Post a Comment