Saturday, October 6, 2012

Стефан Ел Шарави - Млад,талентиран,амбициозен

Популарниот фараон како го нарекуваат неговите фанови во овие тешки моменти на екипата на Милан,како вистински лидер ја предводи екипата со еден збор тој во моментот е владетел во Милано.Во овие 6 кола тој постигна 4 голови од кои три од нив се први постигнати во натрпеварот во кој играле росоњерите што значи дека тој е играчот кој ја покренува иницијативата а фановите на италијанскиот вицешампион уживаат да го гледаат својот нов херој.

Стефан Јоветиќ - Млад,зрел,докажан

Ова е втора сезона во која црногорскиот интернационалец е лидер на својата екипа а истотака и оваа сезона ги воодушевува своите навивачи со неговата игра.Стефан одлично започна,4 натпревари четири велемајсторски гола а три од нив беа предводни за виолетовите во нивните натпревари,тоа го прави најспособен играч во својот тим и е на добар пат да биде меѓу најдобрите фудбалери во европа.


0 comments :

Post a Comment