Saturday, December 29, 2012

Сигурно сега ќе помислите дека се работи за Роналдо,Меси или па Ел Шарави,Нејмар итн..Но сепак не е ниту еден од нив.Се работи за сензацијата на годината во премиер лигата,а тоа е Мичу.



Мичу Мигел Перез Куеста има 26 години,игра како напаѓач и е левоног.Минатата сезона тој во Ла Лига постигна 15 голови во 37 натпревари што е доста солиден учинок.Тоа му  се допадна на англискиот прволигаш Свонси,кои успеваат да го донесат во своите редови за само 2 милиони фунти.Неговото деби беше на 18.8.2012 против екипата на КПР,а во тој натпревар тој постигна два гола и забележа една асистенција.Потоа во остатокот од сезоната тој  додаде уште 11 голови,и сега е втор стрелец со 13 погодоци зад Ван Перси во најсилната англиска лига.

Овој голгетер,неодамна беше повикан да биде шпански репрезентативец,а истотака многумина мислат дека е направена феноменална зделка доведувајќи класа играч за само толку мала сума на пари,се надеваме дека успешно ќе го одработи и вториот дел од сезоната..


0 comments :

Post a Comment