Friday, October 19, 2012

Македонската фудбалска репрезентација е во период на трансформација во која многу млади сили покажаа и докажаа дека имаат потенцијал и можат да ги бранат црвено-жолтите бои..

Да направиме пресек,има ли некој од кој сме очекувале многу а тој не возврати со добра игра а воедно ја нарушува хармонијата во екипата..?Да тоа Горан Попов кој е долгогодишен стандарден лев бек во тимот,но дали му поминува времето се повеќе се прашуваме.Во трите натпревари во кои настапи овој фудбалер одигра вкупно 261 минута во кои не го препознаваме нашиот Горан кој порано царуваше по левата страна.Новиот селектор на Македонија,Чеде Јаневски го искажа своето незадоволство од прикажаното на Попов,односно лошиот тајминг при одзимање на топки,очајните центрашути и пред се неговото недолично однесување пред натпреварот со Србија кога тој одлучи да го изостави од првата 11ка што бекот не го прифати добро и преку некои гестови кои го нарушуваат системот на односи најверојатно ќе биде исфрлен од репрезентацијата заедно со Стевица Ристиќ.Но не е крај на светот тука е Лазевски кој одлично си ја изврши работата при победата против српската репрезентација,а и да не го забораваме Јани Урдинов(навредувачот)кој иако кажа некои работи што не треба,неможеме да го оспориме неговиот талент и фудбалски потенцијал.

0 comments :

Post a Comment