Sunday, March 31, 2013


Како што веќе сите знаеме вундеркидот од Велс по име Бејл по кој целиот свет останува без здив од неговите потези,тие всушност се дела со инспирација добиена од неговиот идол,Кристиано Роналдо.

Велшанецот својата кариера ја започнува во Саутемптон потоа се преселува во Тотенхем каде што игра и ден денес но како неговиот омилен играч,тој не започнува како крило туку како бек.Уште од првите негови натпревари во кои играл како одбрандбен играч покажува дека има способности и притоа и голема желба да учествува во нападот а највеќе е истакната неговата завидувачка брзина.

Како што поминуваат годините тој станува се покомплетен фудбалер кој е играчки поткован во сите сегменти,играње со глава,спринт,дриблинг,шут,пас итн..Исто и како португалецот тој копнее по голови,асистенции и успеси а за се оствари тоа тие се секогаш посветени на тренинзите и подготовките.

Најдобриот играч на Тотенхем долго време се поврзува со трансфер во ,,кралскиот клуб,, каде што игра неговиот пример и човекот на кого му завидува.Сигурно дека би било задоволство за сите фудбалски фанови да ги видат нив двајца во игра а дали некогаш ќе успее Бејл да го достигне нивото на КР7 ќе видиме,но секако ќе биде екстремно тешко да го направи тоа..

0 comments :

Post a Comment