Sunday, March 31, 2013

Џорџ Веа е од Либериа,земја која и не е позната по фудбалот но тоа не влијаеше да се прослави во европскиот фудбал како страотен играч.Прв посериозен клуб во неговата кариера е Монако кој во тоа време бил предводен од Арсен Венгер кој одлучува да го доведе либерианецот во своите редови.Францускиот стратег врши голема улога во неговата успешна кариера со што постојано му дава кредит за неговите игри и му пружа шанси во првиот тим и му помага да се развиа во врвен напаѓач кој за 4 години во клубот ќе постигне 59 голови во 122 натпревари и.Следна неговата дестинација е ПСЖ каде останува три години и освојува четири трофеи и е прогласен за најдобриот играч на годината за 1995.Како докажан и искусен играч заминува во Милан каде што ќе остане 5 години и ќе освои две титули во италијанското првенство.Во понатамошниот период од кариерата ќе игра во премиер лигата односно во клубовите на Челзи и Ман Сити.Својата кариера ја завршува со 11 трофеи,12 индивидуални награди и 22 голови во дресот на националниот дрес и истотака е вметнат во листата на 100те најдобри фудбалери во историјата на фудбалот.

0 comments :

Post a Comment