Sunday, March 17, 2013


Во ЕПЛ веќе се е јасно околу тоа кој ќе ја освои титулата а тоа е тимот на Манчестер Јунајтед,додека битката за 3то место станува во центарот на вниманието до крајот на сезоната за кое се борат Челзи,Тотенхем и Арсенал.

Топџиите во последните 9 натпревари ќе се обидат да изиграат како што треба за да обезбедат пласман во лигата на шампионите за следната година.Екипата на Тотенхем забележа значителен пад во играта со што изгуби 2 меча по ред во лигата и беше на раб на испаѓање против Интер откако се спасуваа од ,,петарда,, во последните минути од натпреварот.Челзи се наоѓаат во солидна форма а според играчкиот кадар и гол разликата се верува дека се најозбилен кандидат за позицијата која директно ќе води во најелитното европско натпреварување.

Како и да е,ќе биде интересно да видиме кој од вундеркидите на овие три екипи односно Волкот,Хазард и Бејл ќе ја превземе одговорноста и ќе му помогне на својот тим да ги оствари своите цели.

0 comments :

Post a Comment