Friday, March 8, 2013

Алваро Рекоба е еден од многуте фудбалски големи надежи кои поради повреди неуспеаа да  имаат поуспешни кариери.Иако постојано се мачеше со повреди,кога беше на теренот фановите на фудбалот имаа што да видат,неговите дриблинзи,долги пасови и особено неговите маестрални слободни удари никого не оставиа рамнодушен.Англискиот весник Гардиан ги спореди уругваецот и Раул од Реал Мадрид,тие рекоа дека шпанецот нема ни третина од техниката на Алваро но го има шампионскиот карактер за разлика од нераѕурот кој често потфрлаше на големите натпревари поради неговиот менталитет.Има милион прашања и одговори за тоа зошто овој голем талент не прерасна во голема легенда,но остана легенда во фидбалската смисла на зборот а тоа се неговите мајстории кои ги гледавме 11 години додека тој го носеше дресот на Интер.

1 comment :