Sunday, March 31, 2013


Како што веќе сите знаеме вундеркидот од Велс по име Бејл по кој целиот свет останува без здив од неговите потези,тие всушност се дела со инспирација добиена од неговиот идол,Кристиано Роналдо.

Велшанецот својата кариера ја започнува во Саутемптон потоа се преселува во Тотенхем каде што игра и ден денес но како неговиот омилен играч,тој не започнува како крило туку како бек.Уште од првите негови натпревари во кои играл како одбрандбен играч покажува дека има способности и притоа и голема желба да учествува во нападот а највеќе е истакната неговата завидувачка брзина.

Како што поминуваат годините тој станува се покомплетен фудбалер кој е играчки поткован во сите сегменти,играње со глава,спринт,дриблинг,шут,пас итн..Исто и како португалецот тој копнее по голови,асистенции и успеси а за се оствари тоа тие се секогаш посветени на тренинзите и подготовките.

Најдобриот играч на Тотенхем долго време се поврзува со трансфер во ,,кралскиот клуб,, каде што игра неговиот пример и човекот на кого му завидува.Сигурно дека би било задоволство за сите фудбалски фанови да ги видат нив двајца во игра а дали некогаш ќе успее Бејл да го достигне нивото на КР7 ќе видиме,но секако ќе биде екстремно тешко да го направи тоа..

Екипата на Фудбал Блогер,завршува  со проектот во кој се потсетувавме на фудбалските легенди кои се подзаборавени но треба да се запамтат.Се надеваме дека уживавте во нашите текстови а со вакви проекти ќе продолжиме и во иднина,за какви станува збор ќе објавиме подоцна..
Џорџ Веа е од Либериа,земја која и не е позната по фудбалот но тоа не влијаеше да се прослави во европскиот фудбал како страотен играч.Прв посериозен клуб во неговата кариера е Монако кој во тоа време бил предводен од Арсен Венгер кој одлучува да го доведе либерианецот во своите редови.Францускиот стратег врши голема улога во неговата успешна кариера со што постојано му дава кредит за неговите игри и му пружа шанси во првиот тим и му помага да се развиа во врвен напаѓач кој за 4 години во клубот ќе постигне 59 голови во 122 натпревари и.Следна неговата дестинација е ПСЖ каде останува три години и освојува четири трофеи и е прогласен за најдобриот играч на годината за 1995.Како докажан и искусен играч заминува во Милан каде што ќе остане 5 години и ќе освои две титули во италијанското првенство.Во понатамошниот период од кариерата ќе игра во премиер лигата односно во клубовите на Челзи и Ман Сити.Својата кариера ја завршува со 11 трофеи,12 индивидуални награди и 22 голови во дресот на националниот дрес и истотака е вметнат во листата на 100те најдобри фудбалери во историјата на фудбалот.

Friday, March 29, 2013

Алваро Мората ја има честа да го нарекуваат ,,Бејби Мориентес,, поради сличните карактеристики што ги има како овој голгетер.Фернандо своето име го направи во Сарагоса каде во две сезони постигна 34 голови и со тоа ги привлече Кралевите да го донесат во своите редови и притоа таму да остане 7 сезони во кои ќе освои 10 титули и постигна речиси 100 голови.После Реал Мадрид,сследна негова дестинациа беше Монако.Во новиот клуб ќе игра битна улога и ќе постигне 22 голови а 1 од нив против неговиот довчерашен клуб.Тој со својата екипа ќе успее да стигне до финалето на лигата на шампионите но и да изгуби против Порто со резултат 3-0.После ова тој беше играч на Ливерпул,Валенсиа и Марсеј каде што ја заврши неговата кариера заедно со фантастичниот скор во националниот дрес во кој за 47 натпревари постигна 27 голови.

Thursday, March 28, 2013

,,Scout Nation,, е канал на Јутјуб кој прави видеа за најдобрите млади таленти,видеата се во HD верзија и се извлечени сите добри потези на индивидуалецот.Сега,погледнете го видеото за бисерот кој Венгер многу лесно го испушти..

Wednesday, March 20, 2013

Откако во 2009 година ,,кралевите,, го направиа рекордниот трансфер во историјата односно 94милиони евра за Кристиано Роналдо,сите тие вложени пари биле повратени за само 3 месеци од продажбата на дресови за нивната најголема ѕвезда..

Monday, March 18, 2013

Listen this..

Sunday, March 17, 2013


Во ЕПЛ веќе се е јасно околу тоа кој ќе ја освои титулата а тоа е тимот на Манчестер Јунајтед,додека битката за 3то место станува во центарот на вниманието до крајот на сезоната за кое се борат Челзи,Тотенхем и Арсенал.

Топџиите во последните 9 натпревари ќе се обидат да изиграат како што треба за да обезбедат пласман во лигата на шампионите за следната година.Екипата на Тотенхем забележа значителен пад во играта со што изгуби 2 меча по ред во лигата и беше на раб на испаѓање против Интер откако се спасуваа од ,,петарда,, во последните минути од натпреварот.Челзи се наоѓаат во солидна форма а според играчкиот кадар и гол разликата се верува дека се најозбилен кандидат за позицијата која директно ќе води во најелитното европско натпреварување.

Како и да е,ќе биде интересно да видиме кој од вундеркидите на овие три екипи односно Волкот,Хазард и Бејл ќе ја превземе одговорноста и ќе му помогне на својот тим да ги оствари своите цели.

Friday, March 8, 2013

Алваро Рекоба е еден од многуте фудбалски големи надежи кои поради повреди неуспеаа да  имаат поуспешни кариери.Иако постојано се мачеше со повреди,кога беше на теренот фановите на фудбалот имаа што да видат,неговите дриблинзи,долги пасови и особено неговите маестрални слободни удари никого не оставиа рамнодушен.Англискиот весник Гардиан ги спореди уругваецот и Раул од Реал Мадрид,тие рекоа дека шпанецот нема ни третина од техниката на Алваро но го има шампионскиот карактер за разлика од нераѕурот кој често потфрлаше на големите натпревари поради неговиот менталитет.Има милион прашања и одговори за тоа зошто овој голем талент не прерасна во голема легенда,но остана легенда во фидбалската смисла на зборот а тоа се неговите мајстории кои ги гледавме 11 години додека тој го носеше дресот на Интер.

Saturday, March 2, 2013

Сантиаго Кањизарес е дефинитвно еден од голманите кој ја одбележа шпанската примера во новиот милениум заедно со Икер Касиљас.Тој е дете на Реал,во текот на неговиот престој во мадридската престолнина тој ги поминал сите тимови од младинските категории до првиот тим каде што беше член 4 сезони но најчесто како замена иако во сезоната 97/98 ќе забележи 26 настапи и ќе ја освои лигата на шампионите..После таа сезона тој потпишува со клубот Валенсиа каде што го прави своето име и блеснува во вистинско светло,тој на ,,Местаља,, помина 10 години во кои забележа 418 настапи и беше во финалето на лигата на шампионите две сезони по ред но ниеднаш неуспеа да победи,но затоа во 2004та го освои Уефа купот(Лига Европа),супер купот со што може да се каже дека има успешна кариера во европските рамки.За шпанската репрезентација забележува 46 настапи и патем ја имаше честа во 2004 година да биде првиот голман на црвената фурија.

Сите трофеи во неговата кариера

Club

Real Madrid
Valencia

[edit]Country

Spain U16
Spain U23

[edit]Individual

[edit]

Фудбалерот на кралевите,Анхел Ди Мариа нема да биде во можност да биде во тимот за ова дерби поради црвениот картон против Сосиедад.

Марсело,Модрич,Бензема и Кака би можеле да бидат во стартниот состав на Реал Мадрид.

Меси ќе биде подготвен за натпреварот иако во средата го пропушти тренингот поради повреда.

Алекс Сонг е неизвесен за настап поради повреда.

Пренос ќе има на Спорт Клуб.