Thursday, August 30, 2012

Веќе две години екипата на Јувентус се во потрага за напаѓач,во изминатиов период беа заинтересирани за повеќе елитни центарфори како Агуеро,Џеко,Роси итн..


Минатиот ден беше збунувачки за италијанскиот шампион а и за фановите на неговиот клуб.За момент Димитар Бербатов стана бјанконер за момент се пресели во Фиорентина а на крајот тој изјави дека ќе потпише во Фулам.Откако италијанскиот шампион не успеа да го доведе бугаринот,се свртеа кон нов таргет,а тоа е Никлас Бендтнер,се шпекулира дека денеска би требало да се договорат двете екипи а се очекува данецот да премине во позајмица за 6 милиони.

Минатата сезона во дресот на Сандерленд Бендтнер постигна 8 голови во 29 натпревари.

0 comments :

Post a Comment