Sunday, August 26, 2012

Ова е трет официјален натпревар за Реал сезонава вклучувајќи го и двомечот со Барселона во супер купот.Во сите тие три натпревари актуелниот шпански шампион не оствари ниту една победа а запиша дури два порази.

Со овој нов неуспех кралевите имаат негатива од -5 во само второто коло.Продолжат ли вака можат да се збогуваат со титулата за оваа сезона.

Тек на натпреварот 

Екипата на Реал Мадрид имаше теренска иницијатива во првото полувреме создаде 1 шанса и ја искористи Игуаин кој покажува дека е во добра форма во стартот на оваа сезона.Галактичарите не ја играа препознатливата игра и не создаваа шанси во текот на натпреварот,така што играчите на Гетафе ги казнија со 2 гола односно крилото на домаќините Абдулазис Барада ги остави во сенка низа ѕвездите на гостинскиот тим.


0 comments :

Post a Comment