Friday, August 31, 2012

Пред натпреварот според многу фудбалски стручаци фаворит на ова финале беше Челзи,се очекуваше тесна борба но никој не очекуваше ваков дебакл врз европскиот шампион,сеедно мадриѓаните го одиграа натпреварот близу до перфекција.

Походот кон титулата за екипата на Атлетико Мадрид почна уште во шестата минута преку кој друг ако не маестралниот Фалкао кој со прекрасен лоб го измами Петр Чех.Шпанците уште на почетокот на натпреварот најавиа фантастична партија а се до крајот на натпреварот тие одиграа одлично.

Во продолжението на првото полувреме повторно магичниот колумбиец стапува на сцена и постигнува уште два маестрални гола во 19тата и 45 минута,голови кои сигурно го возбудиа целиот свет.Оваа ноќ долго ќе ја памети напаѓачот на шпанскиот гигант бидејќи постигна хет трик за само една полувреме и тоа против англискиот великан-Челзи.

Второто полувреме беше исполнето со два гола односно со голови на двете страни,екипата на Ди Матео беше немоќна и во вториот дел па откако се здобија со негатива од 0-4 некако успеаа да дадат почесен гол кој сигурно дека нема да го скрие дебаклот што го доживеаа во Монако.

0 comments :

Post a Comment