Saturday, August 25, 2012


Од еден од најдобрите фудбалери на светот Бразилецот стана играч кој ниту една екипа не сака да го види во своите редови. Барем не за таа цена која Реал ја бара за него и за платата која тој ја добива во Мадрид.
Никој не го сака Кака
Реал Мадрид сака да се ослободи од услугите на Рикардо Кака до крајот на овој преоден рок, нешто што веќе некое време не е никаква тајна.
Последните обиди на „кралевите“ се состоеја во тоа што тие им го понудија Бразилецот на Манчестер Јунајтед, Челси и Тотенхем, но добија три негативни одговори во најкус можен рок, а само Спарси покажаа некаков интерес, но само доколку Реал плаќа поголем дел од платата на играчот за следната сезона. Предлог неприфатлив за Шпанците.
Тоа ги поремети плановите на Реал да го испрати Кака во Англија, која за нив делуваше како единствена дестинација од која можеа колку-толку да извадат нешто за Бразилецот.
Како опција постојано се спомнува неговиот екс-клуб Милан, но „росонерите“ во старт му ставија до знаење на Реал дека не се подготвени да му ги понудат тие 25 милиони евра на кои Шпанците го проценуваат Кака.
Да биде ситуацијата уште полоша, Милан не може да си го дозволи некогашниот миленик на своите навивачи ниту ако добие добар попуст од Шпанците, а проблем е и високата плата која ја добива Бразилецот.
Една од желбите на Италијанците беше да го добијат Кака на позајмица, во која Реал би плаќал дел од неговите примања, што веднаш беше одбиено од шампионот на Шпанија.
Ваквиот тек на настаните го остава Кака во крајно незавидна ситуација, што навистина звучи неверојатно ако се знае дека пред само три години Реал за него на Милан му плати цели 65 милиони евра, а сега не може да го продаде ниту за три пати помала цена.
Конечниот исход од оваа сага, која најтешко ја прима самиот Кака, ќе биде позната до крајот на овој месец кога завршува преодниот рок, и кога ќе знаеме дали тој во некој друг клуб конечно ќе ја добие шансата за која очигледно не може да се избори во Мадрид. Нешто за што на Бразилецот му останува да се надева во следните недела дена.

0 comments :

Post a Comment