Friday, August 31, 2012

Екс играчот на Болоња при крајот на трансфер периодот потпиша за англискиот прволигаш.



Репрезентативецот на Гана во последни моменти потпиша со шпанскиот шампион и ќе настапува за кралевите како позајмен играч една година.

Додека Микаел Есиен потпиша за Реал,Ласана Диара се пресели во руската лига во редовите на Анжи Махачкала каде што настапува Ето.

Пред натпреварот според многу фудбалски стручаци фаворит на ова финале беше Челзи,се очекуваше тесна борба но никој не очекуваше ваков дебакл врз европскиот шампион,сеедно мадриѓаните го одиграа натпреварот близу до перфекција.

Походот кон титулата за екипата на Атлетико Мадрид почна уште во шестата минута преку кој друг ако не маестралниот Фалкао кој со прекрасен лоб го измами Петр Чех.Шпанците уште на почетокот на натпреварот најавиа фантастична партија а се до крајот на натпреварот тие одиграа одлично.

Во продолжението на првото полувреме повторно магичниот колумбиец стапува на сцена и постигнува уште два маестрални гола во 19тата и 45 минута,голови кои сигурно го возбудиа целиот свет.Оваа ноќ долго ќе ја памети напаѓачот на шпанскиот гигант бидејќи постигна хет трик за само една полувреме и тоа против англискиот великан-Челзи.

Второто полувреме беше исполнето со два гола односно со голови на двете страни,екипата на Ди Матео беше немоќна и во вториот дел па откако се здобија со негатива од 0-4 некако успеаа да дадат почесен гол кој сигурно дека нема да го скрие дебаклот што го доживеаа во Монако.
Голем број фудбалски имиња го искажаа своето задоволство откако Андрес Иниеста беше прогласен за најдобриот играч на европа според уефа.

Шпанскиот креативец имаше одлична партија на европското првенство и беше прогласен за МВП,но зарем Кристиано Роналдо потфрли..

Целиот фудбалски неутрален свет е зачуден од одлуката на уефа да го прогласи Иниеста за најдобар,додека головите на португалската машина вредеа титули и решаваа натпревари.
Европскиот шампион нема многу повредени фудбалери а и да ги има конкуренцијата во клубот е голема така да немаат никакви хендикепи во играчкиот кадар,ни шампионите на европа лигата немаат посериозни проблеми освен што првотимец Тиаго кој воедно е еден од клучните играчи на тимот.

Во текот на натпреварот се очекува теренска иницијатива на Челзи но шпанците имаат одлични индивидуалци како Фалкао,Арда Туран итн.. кои можат да бидат опасни кон голот на англичаните.

Пред 3 години екипите на Атлетико Мадрид ги срушиа златнине момци на Интер во тоа време,преостанува да видиме дали и овојпат ќе го освојат трофејот.

Репрезентативецот на Шкотска и екс играчот на Ливерпул денеска потпиша за екипата на Стоук откако ги помина медицинските прегледи.






Де Јонг денеска пристигна во Милано а во текот на денот ќе ги обави и медицинските прегледи.


Репрезентативецот на Холандија,оваа сезона ќе настапува во дресот на Шалке 04 кој ќе се бори на 3 фронта оваа сезона и имаат амбициозен тим.Афелај ќе биде позајмен за една година во германскиот клуб.

http://www.sportlemon.tv/v-4/4/36/v-443615.html
Кликнете го линкот и ќе бидете во тек со деталите на најновите трансфери.

Вечерва во 20:45 часот ќе се одигра финалето во Уефа Супер Купот на традиционалниот стадион Стаде Луис во Монако.Оваа година за трофејот ќе се борат екипите на Челзи и Атлетико Мадрид.

Италијанската супер ѕвезда ја прифати понудата на Сиднеј Фк и од оваа сезона ќе настапува за тој клуб.

,,Ова е голем чекор за Австралискиот фудбал,да се донесе легенда како Дел Пиеро,им честитам и на луѓето кои работеа за да го доведат пинтурикио,навистина направиа голема работа,, .

Thursday, August 30, 2012

Екипата на Милан на крајот на трансфер периодот се сетија дека треба да ги вмешаат прстите во фудбалскиот пазар а овој пат имаат шанса да доведат квалитетно засилување.

Според некои извори клубот веќе го договорил фудбалерот на англискиот шампион,Нигел Де Јонг,откако во скоро време пристигнаа Нианг и Кркиќ на ред е ново квалитетно засилување за росоњерите.

Во тесна битка со Меси и Роналдо кои имаа по 17 гласа,сепак на крајот Андрес Иниеста ја доби привилегијата "Најдобар играч во европа".

Во Монако денеска беше одржана и ждрепката за лигата на шампионите каде што се одржа и прогласувањето за најдобар фудбалер во европа.




Откако во редовите на кралевите пристигна Модриќ,во клубот се зголемува конкуренцијата и поради тоа Гранеро го напушта клубот но не и целосно бидејќи во редовите на англискиот клуб ќе настапува како позајмен играч.

Денеска шпанецот е на медицински прегледи,а шпанскиот шампион заработи 9 милиони од оваа зделка.

Веќе две години екипата на Јувентус се во потрага за напаѓач,во изминатиов период беа заинтересирани за повеќе елитни центарфори како Агуеро,Џеко,Роси итн..


Минатиот ден беше збунувачки за италијанскиот шампион а и за фановите на неговиот клуб.За момент Димитар Бербатов стана бјанконер за момент се пресели во Фиорентина а на крајот тој изјави дека ќе потпише во Фулам.Откако италијанскиот шампион не успеа да го доведе бугаринот,се свртеа кон нов таргет,а тоа е Никлас Бендтнер,се шпекулира дека денеска би требало да се договорат двете екипи а се очекува данецот да премине во позајмица за 6 милиони.

Минатата сезона во дресот на Сандерленд Бендтнер постигна 8 голови во 29 натпревари.
Ждрепката ќе почне во 18 часот во Монако.Како и секогаш екипите ќе бидат поделени на 4 групи според квалитет:

Група 1 - Арсенал,Порто,Реал Мадрид,Барселона,Манчестер Јунајтед,Баерн Минхен,Челзи,Милан

Група 2 - Валенсиа,Бенфика,Зенит,Шахтјор,Шалке,Манчестер Сити,Брага,Динамо Киев

Група 3 - Олимпијакос,Андерлехт,Јувентус,Ајакс,ПСЖ,Спартак Москва,Лил,Галатасарај

Група 4 - Селтик,Борусиа Дортмунд,Бате Борисов,Динамо Загреб,Цфр Клуж,Малага,Монпење,Нордсјеланд

23-годишниот шпанец потпиша пет годишен договор откако конечно се договорија Баскијците и Баварците.

Екипата на вицешампионот на Германија потроши огромна сума на пари за да го доведе талентираниот Мартинез,а дали тој ќе ги оправда парите ќе видиме на крајот на сезоната.

Wednesday, August 29, 2012


Во денешно време ретки се такви фудбалери кои играат со срце за тимот,што се со тимот и во добро и во лошо и што на прво место го ставаат фудбалот а парите и не се толку битни,битен е клупскиот успех.

Големиот Пинтурикио ги бранеше боите на Јувентус 18 фантастични сезони,со солзи и смеа некогаш бјанконерите беа на врвот на светот некогаш во понизок ранг но ниедна причина не беше доволна италијанскиот виртуоз да се откаже од својот омилен клуб.Оваа година Сериа А изгуби голем фудбалер,кој е пример за младите надежни фудбалери на кои очите им гледаат само во парите,така да тешко да се роди повторно голем играч како него.
Пепе и Бонучи на слобода а Конте ни крив ни должен е казнет.
Милано е новата дестинација за талентираниот шпанецот откако настапуваше во Каталониа и Рим.

Сепак поради лошата финансиска состојба на Милан,Бојан е само на позајмица на една година а дали ќе го откупат и за постојано ќе видиме според неговата игра а и дали Галијани и компанија ќе можат да си го дозволат тоа.

Минатата сезона во 33 натпревари за Рома екс играчот на Барса постигна 7 голови.


"Се обидуваме да се вратиме во добра форма после поразот со Гетафе,кој е опомена дека повеќе не треба да правиме киксови и треба да загризеаме со сите сили за да ја одбраниме Ла лига''.

"Супер купот не е толку важен,битно е да се вратиме после дуелот самоуверени и спремни за побитните предизвици а тоа се лигата и лш".

"Секогаш е тешко да се игра против Барселона,ќе се обидеме да го наметнеме нашиот начин на игра,ќе дадеме се од себе''.- заврши тренерот на Реал Мадрид
Познатиот голгетер  и фудбалски шоумен на теренот Дидиер Дрогба ова лето си замина од својот долгогодишен клуб но и понатаму умот му е во Лондон и ја подржува својата сакана екипа.Најнова вест за интернационалецот на БСК е дека ќе си замине од Кина а главен конкурент за неговиот потпис е италијанскиот шампион Јувентус.
Денеска ќе се одиграат реванш дуелите во плеј-офот за влез во Лигата на Шампионите.Сите натпревари ќе се одиграат во 20:45 часот.

Лил - Копенхаген

Цфр Клуж - Базел

Селтик - Хелсингборг

Фенербахче - Спартак Москва

Динамо Киев - Борусиа Менхенгладбах
Се работи за Ниелсен кој е исланѓанец по националство а настапува за екипата на Архус во Данската прва лига.Овој фудбалер влезе во историјата во таа земја откако го постигна најбрзиот хет-трик.За да стави шлаг на тортата тој го постигна и четвртиот гол за својата екипа.
Погледнете ги головите во видеото.


Откако пропадна секоја опција за враќањето на Кака во Сан Сиро,росоњерите се помирија со нивната голема финансиска криза со оглед на тоа што ова лето потрошиа само 10 милиони евра.


Мбаје Нианг од екипата на Каен потпиша три годишен договор со екипата на Милан,а француската екипа ќе добие два милиони евра обештетување.Иако се работи за голем фудбалски талент за кого се интересираа голем број премиерлигашки екипи како Арсенал,Евертон и Њукасл,сепак тој е само 17-годишен и прашање е колку ќе може да и помогне на екипата во нивните намери.


Tuesday, August 28, 2012

Откако во Реал Мадрид пристигна виртуозот Лука Модриќ,како и за Сахин мадриѓаните мислат дека нема место во тимот и за Гранеро.


Познатиот Ел Пирате најверојатно ќе ги напушти редовите на кралскиот клуб откако помина три успешни сезони во тимот.Веќе подолго време екипата на Андре Вијас Боаш се загреани да го купат средниот играч на Реал и се спремни да платат 14 милиони за да го доведат во Вајт Харт Лејн.Со оглед на тоа што на Тотенхем им треба везен играч извесно е дека ќе загризат со сите сили да го купат Гранеро.Екипата на КПР истотака е заинтересирана за неговите услуги.


Сите пет натпревари ќе се одиграат во 20:45 часот.Екипите на Бате Борисов и Малага речиси со една нога се во лигата на шампионите но затоа постојат реваншите за противниците да им ги замешаат сметките на противничките екипи.


Ирони Кирјат Шимона (0-2) Бате Борисов

Андерлехт (1-2) Аел

Марибор (1-2) Динамо Загреб

Удинезе (1-1) Брага

Панатинаикос (0-2) Малага


Monday, August 27, 2012


Одново играч на Јувентус има проблеми со повреди откако Лусио заработи повреда на глуждот.Официјални извори од италијанскиот шампион изјавија дека нивниот играч се здобил со повреда на предниот дел на лигаментите и ќе паузира со трениннзи и натпревари околу еден месец.

За Муса Дембеле се заинтересирани неколку екипи во премиер лигата од кои најзагреани за неговите услуги се западно-лондонците.


- Тотенхем се во предност од Манчестер Јунајтед за потпсот на Дембеле поради новата понуда доставена до клубот на Фулам што изнесува 15 милиони фунти.

-Иако во 73 настапи во дресот на Фулам постигнал само 7 погодоци сепак екипите се заинтересирани за него поради раскошниот талент и сенсот за асистенции.

- Фудбалерот на Барселона,Ибрахим Афелај ќе биде испратен на позајмица.Поради честите повреди со кои се здоби холанѓанецот каталонците сметаат дека за оваа сезона неможе да им помогне во нивните замисли па затоа го испраќаат во друг клуб за да се здоби со фитнес и да се врати во добра форма во нивниот клуб.



Бекот на Ливерпул Хосе Енрике во своето интервју наведува дека неговата екипа се обидува да спроведе нов начин на игра односно познатата тики така тактика на Барселона.


,,Тие се најдобриот тим на светот и се најдобар пример.Се обидуваме да играме како нив,неможеме да се споредуваме со нив бидејќи сме различни,но полека на сигурно учиме како тоа да го правиме,,.-изјави шпанецот.
Дефинитвно еден од најхаризматичние тренери на светот.
Откако играчот на Борусиа Менхенгладбах во првото коло постигна прекрасен гол од слободен удар,тврди дека изведува подобро слободни удари од Кристиано Роналдо.

,,Ако зборуваме за слободните удари нема начин на кој би бил во сенка на Роналдо.Минатата сезона он постигна два а јас три.Тврдам дека во овој сегмент од игра сум подобар од него.Оваа сезона уште во првото коло погодив од слободен удар,сакам така и да продолжам,,- изјави Аранго.


Sunday, August 26, 2012

Капитенот на Шпанија и Реал Мадрид кои во неговата земја го нарекуваат,,Светец,,заедно со својата екипа имаат катастрофален старт во новата сезона.Светецот Икер како капитен има задача да направи чудо и да ги осветли пред реваншот во Супер Купот со Барселона за да кралевите не забележат уште некој неуспех.
Милан 0-1 Сампдориа
Аталанта 0-1 Лацио
Киево 2-0 Болоња
Џенова 2-0 Каљари
Палермо 0-3 Наполи
Пескара 0-3 Интер
Рома 2-2 Катаниа
Сиена 0-0 Торино
Премногу скапи ѕвезди насобрани на едно место,во екипата на ПСЖ,но сеуште незнаат за победа.Не помогнаа и неколкуте измени во составот на милионерите откако Ибрахимовиќ беше преместен на крилната позиција а Пасторе играше како шпиц.

Пред почетокот на сезоната беа смеатани за главни фаворити за освојување на француската прва лига,засега во првите три натпревари ни малку не го оправдаа тој приоритет.

Ова е трет официјален натпревар за Реал сезонава вклучувајќи го и двомечот со Барселона во супер купот.Во сите тие три натпревари актуелниот шпански шампион не оствари ниту една победа а запиша дури два порази.

Со овој нов неуспех кралевите имаат негатива од -5 во само второто коло.Продолжат ли вака можат да се збогуваат со титулата за оваа сезона.

Тек на натпреварот 

Екипата на Реал Мадрид имаше теренска иницијатива во првото полувреме создаде 1 шанса и ја искористи Игуаин кој покажува дека е во добра форма во стартот на оваа сезона.Галактичарите не ја играа препознатливата игра и не создаваа шанси во текот на натпреварот,така што играчите на Гетафе ги казнија со 2 гола односно крилото на домаќините Абдулазис Барада ги остави во сенка низа ѕвездите на гостинскиот тим.


Екипите на Ливерпул и Манчестер Сити ремизираа и двете екипи од натпреварот ќе си отидат со бод.Домаќините на два наврати поведуваа преку Шкртел и Суарез но Сити не се предадоа и со головите на Јаја Туре и Тевез успеаа да извадат бод против расположената екипа на црвените денеска.





"Kлубовите не ги штедат парите.Кога ќе видат некој млад талентиран фудбалер даваат огромна сума на пари,и на клубовите и на играчите.Во денешниов фудбал младите фудбалери мислат само на материјални работи,што не е добра работа".

Неповторливиот фудбалер Хавиер Занети со екипата на Васлуи(победа за Интер 2-0) го одигра својот јубилеен 800ти натпревар за нераѕурите.

Секој ден различни вести за доаѓањето на хрватот во кралскиот клуб,за момент тој е веќе играч на Реал,следен ден ништо од трансферот.Сигурно дека на моменти договорите беа фрустрирачки и фановите на шпанскиот првак низ целиот свет конечно се ослободиа од грижите и им падна камен од срце.


Лука Модриќ во Реал Мадрид ќе се пресели за фантастични 42 милиони евра,и после ова извесно е дека Кака ќе го напушти клубот на Реал.Екипата на Тотенхем откако го продадоа Лука се во потрага по негова замена,главни кандидати се Јан Мвила,Пјаниќ,Мутињо и Дембеле.


Денеска во италијанската прва лига ќе се одиграат осум натпревари:

Милан (18:00) Сампдорија

Аталанта (20:45) Лацио

Киево (20:45) Болоња

Џенова (20:45) Каљари

Палермо (20:45) Наполи

Пескара (20:45) Интер

Рома (20:45) Катаниа

Сиена (20:45) Торино

Saturday, August 25, 2012

Бјанконерите доминираа низ целиот натпревар и имаа теренска иницијатива.Во првото полувреме Артуро Видал промаши од белата точка,но во второто полувреме головите на Лихштајнер и Пирло ја поправија сликата на теренон и обезбедија победа за својата екипа.


Со головите на Хазард и Торес,Челзи ги победиа Њукасл,погледнете ги овие блескави потези од овие двајца виртуози.

Можете сешто да мислите за него,но тој е сепак многу интересен,само да излезе на улица тоа е вест.Овојпат во центар на внимание со својата капа во склад со неговата фризура.