Friday, September 28, 2012


Поранешниот тренер на Џон Тери, Жозе Мурињо застана во одбрана на капитенот на Челзи.

Вели дека Тери можеби го навредил Фердинанд на расна основа и за тоа треба да биде казнет, но искусниот дефанзивец не е расист.
 
"Тој не е расист, тоа е 100% сигурно. Ние во составот имавме 12 африкански фудбалери. Тоа беше фантастичен тим и тој секогаш имаше одличен однос со сите нив" - изјави Мурињо.
 
"Но во фудбалот можат да се случат такви работи за време на еден натпревар, бидејќи фудбалот понекогаш е повеќе од игра и понекогаш имате реакции кои не ве претставуваат онаков каков што навистина сте".
 
"Веројатно имал расистички коментар или однесување кон некој противнички фудбалер. Понекогаш во фудбалот правиме погрешни работи. Доколку имал таква реакција, треба да биде казнет за тоа, но ве молам, немој да велите дека Тери е расист. Дрогба, Макелеле... сите тие ќе ви кажат дека тој не е расист".
 
"Никогаш не сум го почувствувал тоа во мојата соблекувална, а во секој тим сум имал африкански фудбалери".

0 comments :

Post a Comment