Sunday, September 2, 2012

Во денешната програма во петте најсилни лиги има доста интересни дерби натпревари кои сигурно дека ќе сакате да ги следите.

Во 14:30 почнува дерби дуелот помеѓу екипите на Ливерпул и Арсенал,овој натпревар ќе биде интересен поради тоа што и двете екипи досега немаат остварено победа така и двете екипи ќе имаат мотив да ја започнат победничката серија против својот ривал,што ќе го направи натпреварот ултра интересен.

30 минути пред шест часот започнува дербито на колото во Бундес лигата односно Баерн Минхен-Штудгарт,ова коло главниот конкурент на баварците кикснаа а Баерн сигурно дека ќе се потрудат да им побегнат со два бода на табелата.

Во калчо лигата во стандардниот термин во 20:45 часот ќе се одиграат седум натпревари од кој највеќе внимание привлекува двобојот во Џузепе Меаца односно Интер против Рома,според многу обложувалници веројатноста да победат нераѕурите е многу голема но римската волчица никогаш не смее да се отпише.

Во француската прва лига во 21:00 ќе се одигра натпревар меѓу главните конкуренти за титулата,Лил и ПСЖ.Сиурно дека милионерите се исфрустрирани поради тоа што веќе три натпревари незнаат за победа но овојпат имаат многу потешка задача против својот ривал,прашање е дали Ибра и компанија ќе успеат да победат откако пред тоа неуспеаа да совладаат некои полесни противници.

Во очекуваниот вечерен термин односно во 21:30,Барселона на домашен терен ќе ги пречека незгодните Валенсиа кои во првото коло одиграа фантастично против Реал кои ги совладаа каталонците пред неколку дена.Добра вест за момците на Тито Виланова е што Дани Алвеш е повторно во комбинација и сега ќе можат да нападнат со сите сили но мораат да бидат внимателни бидејќи екипата на Пелегрино имаат одлични индивидуалци кои можат експресно да ја искористат и минималната грешка на противникот.


0 comments :

Post a Comment