Трансферите на Хулк и Витсел во вредност од 90 милиони евра направија вистински хаос во редовите на рускиот шампион Зенит. Откако најпрво Денисов и Кержаков јавно се побунија поради високите примања на новите фудбалери, сега и дел од навивачите го изразија своето незадоволство. Вчера пред тренинг кампот на Зенит, била пронајдена лажна експлозивна направа на која имало слика од Хулк и порака на која пишувало, „Хулк надвор“. Полицијата потврдила дека се работи за лажна експлозивна направа од канта со бензин, батерии и жици, но исто така потврдила дека бомбата била нефункционална.
Текстот е превземен од многоо спорт...