Thursday, January 9, 2014

И покрај тоа што ни тој ни Милан не блескаат оваа сезона,нема да се случи евентуален трансфер на Балотели во Челзи или во некој друг клуб.Главна причина за тоа е недамнешната изјава на Бало во која посочува дека инсистирал да остане во Милан и пробува да се фокусира максимално да се спреми за Светското првенство така што ќе покаже добра игра за росонерите.

Ова е добра вест за фановите на Милан но и за љубителите на калчото бидејќи во последно време сме навикнати да ги гледаме најдобрите играчи на Сериа А да си заминуваат од клубовите,но со ова се надеваме дека во иднина тоа поретко ќе се случува..

Tuesday, January 7, 2014



Не е тешко да се види дека Борха Валеро е лидерот на Фиорентина оваа сезона и воедно еден од најдобрите играчи во калчото последните две сезони.Иако Борха има настап за сениорската репрезентација на Шпанија,аѕурите сакаат да го искористат фактот дека тоа било сепак неофицијален натпревар и да обезбедат право за шпанецот да може да игра за Италија.
Несомнено е дека би ја засилил средината во пресрет на светското првенство,но прво треба да се заврши административниот дел па потоа да уживаме да го гледаме овој играч како игра во италијнаскиот тим.