Thursday, July 4, 2013



Насекаде кружат гласини околу заминувањето на Едисон Кавани од Неапол,секој ден со некои нови шпекулации и евентуални можни трансфери но сеуште не е постигнат никаков договор.Челзи,Реал Мадрид,ПСЖ,Монако итн..се заеграни за услугите на уругваецот а најблиску до нив се сините од Лондон.Моменталната негова цена на трансфер пазарот е 55 милиони евра,што е дефинитивно реална со оглед на тоа што веќе три години царува во италијанската лига.Но претседателот на Наполи никаде не се брза а и во последно време ја покажува својата моќ и троши повеќе пари од вообичаеното со што пред неколку дена изјави дека на ,,богатиот Наполи,, немора да го продаде Кавани,како и да е трансфер периодот е долг и има доста време за некаков трансфер.

Но во таборот на Наполи не се врти се околу него,Рафа Бенитез откако беше назначен за тренер на оваа екипа,најави драстични промени во системот на играта и истотака промени во играчкиот кадар.Засега Мертенс е првото засилување во тимот,а речиси и да е извесен трансферот и на Алесио Черчи,истотака се заинтересирани и за Хозе Калехон и во меѓувреме бараат евентуална замена за Едисон Кавани.Во оваа ситуација се доведува до прашање што ќе биде со Горан Пандев и Лоренцо Инсиње.Нашиот репрезентативец изигра солидно минатата сезона и безразлика на своите падови што ги има често во играта сепак е играч кој е ценет во Италија и има доста искуство патем и е уигран во досегашната тактика на Наполи.Од друга страна Инсиње е еден од најнадежните италијански фудбалери,минатата сезона не најде место во првите 11 поради Пандев,но што ќе биде во оваа сезона покрај Мертенс,Черчи,Пандев и можеби уште по некој играч..Не би било добро за развојот на овој млад талент со оглед на тоа што е очигледно дека и оваа сезона ќе го има статусот ,,џокер од клупата,, ..Оваа екипа истотака се интересира и за бразилскиот голман Рафаел и италијанскиот бисер Анџело Огбона,многу карти се фрлени во игра преостанува да видиме каков ќе биде учинокот на крајот..

0 comments :

Post a Comment