Monday, April 8, 2013

Французинот во текот на неговиот престој во Арсенал ги привлече симпатиите на сите фанови на убавиот фудбал со што помина неколку добри сезони во Лондон пред да направи можеби и погрешен потег и да се пресели во Ман Сити каде што постојано ја грее клупата.

Првата сезона и не беше толку трагична за крилото од Франција,настапи на 31 натпревари во кои постигна 5 голови и забележа 9 асистенции и притоа ја освои англиската премиер лига.Оваа сезона тој е повеќе на клупа отколку на теренот и е постојано исмејуван ширум светот.И кога добива шанса не ја искористува на вистинскиот начин со што може да се каже дека и заслужено има мала минутажа во тимот.

0 comments :

Post a Comment