Thursday, February 28, 2013

Кога помислувате напаѓач од Арсенал сигурно дека се потсетувате на феноменалниот Анри или па можеби Анелка или Адебајор,но тешко дека помладите фудбал фанатици ќе се сетат на Иан Едвард Врајт кој постарите фанови сигурно го помнат бидејќи беше институција во фудбалот во Англија неколку сезони.

Познатиот англиски голгетер не успеал да се наметне во клубовите во кои бил на проба додека бил во тинејџерските години но во моментот кога фудбалер треба да почне со професионална кариера тој имал среќа и бил приметен од скаут на Кристал Палас на натпреварот на нисколигашот и тотално анонимниот клуб Дулвич Хамлет.Три месеци пред да наполни 22 години го потпишува својот прв професионален договор.Тој брзо се наметнал со постигнување по 9 погодоци во своите први две сезони а откако си замина од Кристал Палас тој остави зад себе скор од 90 постигнати погодоци во 225 натпревари.Во 1991 тој потпишува за Арсенал за сума од 2,5 милиони фунти и во првата сезона постигнува фантастични 30 голови.Неговото име станува големо откако во 8 сезони во лондонскиот гигант ќе постигне 128 голови,а во репрезентацијата 9 голови но со фактот дека не беше првиот избор во нападот на англиската репрезентација.Овој голгетер и ден денес го сметаат за една од најголемите легенди во историјата на премиерлигата поради неговите прекрасни потези и пет титули со топџиите.

0 comments :

Post a Comment