Wednesday, September 11, 2013

Кога се работи за овој играч неможе да се предвидува,тој е непредвидлив,како и неговите потези  и неговата форма.Многу пати кога најмалку се очекувало од него тој знаел да изненади со добри игри но за жал кога највеќе се очекува од него Себа потфрлува.

Минатата сезона беше просечна за него и може некако да пројде но сигурно дека потполно не ги задоволи фановите со оглед на тоа што за него беа платени 12 милиони а не прикажа ни пола од тоа што го играше во Парма.Сега,не блеска неговиот статус во Јувентус со доаѓањето на Тевез и Љоренте а да не ги забораваме и Вучинич и Кваљарела кои истотака се постојано во комбинација.Џовинко е стандарден во репрезентацијата,но очигледно дека тоа не е доволно за Конте,тренер каков што е он сигурно би сакал Себа да не себичи воопшто и да биде пожртвуван во одбрандбените задачи,тие се работи на кои овој фудбалер мора да посвети внимание инаку ќе биде тотално заборавен..

Како и да е има сеуште време за него,сега се наоѓа во моментот кога треба да го извлече најдоброто од себе,сите знаеме какви квалитети поседува па се надеваме дека ,,Атомската Мравма,, повторно ќе блесне.