Thursday, January 9, 2014

И покрај тоа што ни тој ни Милан не блескаат оваа сезона,нема да се случи евентуален трансфер на Балотели во Челзи или во некој друг клуб.Главна причина за тоа е недамнешната изјава на Бало во која посочува дека инсистирал да остане во Милан и пробува да се фокусира максимално да се спреми за Светското првенство така што ќе покаже добра игра за росонерите.

Ова е добра вест за фановите на Милан но и за љубителите на калчото бидејќи во последно време сме навикнати да ги гледаме најдобрите играчи на Сериа А да си заминуваат од клубовите,но со ова се надеваме дека во иднина тоа поретко ќе се случува..

Tuesday, January 7, 2014



Не е тешко да се види дека Борха Валеро е лидерот на Фиорентина оваа сезона и воедно еден од најдобрите играчи во калчото последните две сезони.Иако Борха има настап за сениорската репрезентација на Шпанија,аѕурите сакаат да го искористат фактот дека тоа било сепак неофицијален натпревар и да обезбедат право за шпанецот да може да игра за Италија.
Несомнено е дека би ја засилил средината во пресрет на светското првенство,но прво треба да се заврши административниот дел па потоа да уживаме да го гледаме овој играч како игра во италијнаскиот тим.


Tuesday, December 17, 2013

Сите првенства можат да се пофалат со своите легенди но само Сериа А може да се пофали со своите ИКОНИ..Се работи за фантастичната четворка предводена од овие четворица фудбалери кои беа од голема важност за развојот на "Kaлчото''.

Хавиер Занети-Тој засекогаш ќе биде младо момче.Начинот на кој го води својот тим Интер е неверојатно.Тој во својата долгогодишна кариера во италијанскиот фудбал
искуси лоши и добри моменти а во 2010 година го стигна врвот.Покрај неговите големи фудбалски капацитети,него го краси верноста за клубот,скормноста и способноста да биде лидер.

Алесандро Дел Пиеро-Неговата најпозната изјава е:''Правиот џентлмен никогаш не ја напушта својата дама''.Тоа е неговата слика,тој е вистински џентлмен во и надвор од теренот.И покрај многуте повреди тој никогаш не дозволи токму тие да се одразат на неговата игра.Тој беше и остана мајстор,неговите дриблинзи и голови засекогаш ќе бидат запаметени.

Паоло Малдини-Почна со Милан во втората лига,остана во овој клуб целиот живот а росонерите ги оствариа најголемите успеси додека овој човек играше за овој тим.Самите резултати си го кажуваат своето а Малдини има огромен удел во тоа бидејќи беше поим за дефанзивец и страв и трепет за тогашните голгетери.

Тоти-Но Тоти,Но Парти.Рома не е Рома ако овој играч не е на теренот.Тој е икона 
на градот Рим,поголем е и од Ромул и Рем.Неговата посветеност кон клубот е завидлива 
и ден денес безразлика кој фудбалер ќе пристигне во Рома безразлика дали е ѕвезда,Тоти е секогаш најдобриот и предводникот и човекот во кој сите веруваат.Овој фудбалски мајстор е на добар пат да стане и најдобриот стрелец во Сериа А на сите времиња.Тоа би го направило него фудбалски бесмртен.

Се надевам дека ви се допадна текстот
Напишано од:Mарко Костовски

Thursday, October 10, 2013



Сите љубители на калчото, од денес ќе може ексклузивно да ги следат натпреварите од најсилната италијанска лига. Целосните содржини на Арена Спорт 1 каналот се достапни за сите MaxTV корисници. Корисниците на пакетот Max Sport + ќе ги гледаат Арена Спорт 2,3,4 во целост по промотивна цена од 199 денари/месечно до крајот на годината. Каналите ќе бидат под ист реден број како и досега.
Во делот од содржините кои ќе се емитуваат на Арена Спорт каналите е вклучено и италијанското национално фудбалско првенство (Serie A)



Wednesday, September 11, 2013

Кога се работи за овој играч неможе да се предвидува,тој е непредвидлив,како и неговите потези  и неговата форма.Многу пати кога најмалку се очекувало од него тој знаел да изненади со добри игри но за жал кога највеќе се очекува од него Себа потфрлува.

Минатата сезона беше просечна за него и може некако да пројде но сигурно дека потполно не ги задоволи фановите со оглед на тоа што за него беа платени 12 милиони а не прикажа ни пола од тоа што го играше во Парма.Сега,не блеска неговиот статус во Јувентус со доаѓањето на Тевез и Љоренте а да не ги забораваме и Вучинич и Кваљарела кои истотака се постојано во комбинација.Џовинко е стандарден во репрезентацијата,но очигледно дека тоа не е доволно за Конте,тренер каков што е он сигурно би сакал Себа да не себичи воопшто и да биде пожртвуван во одбрандбените задачи,тие се работи на кои овој фудбалер мора да посвети внимание инаку ќе биде тотално заборавен..

Како и да е има сеуште време за него,сега се наоѓа во моментот кога треба да го извлече најдоброто од себе,сите знаеме какви квалитети поседува па се надеваме дека ,,Атомската Мравма,, повторно ќе блесне.

Tuesday, July 9, 2013

Има голема веројатност за овој трансфер поради тоа што клубовите на Наполи и ПСЖ веќе некое време преговараат за Кавани а се очекува во скоро време и конечно да се договорат овие два клуба.

Претседателот на сините од Неапол одлучи да постави уште еден услов доколку французите сакаат да го доведат уругвацеот во нивниот тим.Тој го сака "Новиот Пирло'' како дел од замената на играчи помеѓу овие две екипи.

Младиот Верати минатата сезона пристигна во Парис за 12 милиони евра но во моментов има проблеми со потпишување на нов договор така да може да се очекува и да си замине од францускиот шампион со оглед на тоа што тие се сериозно заинтересирани за Едисон Кавани и нема да им биде проблем да решат ваква понуда.
Ниту помалку ниту повеќе туку 28 фудбалери оваа година станаа ,,виолетови,, а клубот го напуштија 12 играчи.

Најистакнати се оние на Хоакин,Де Силвестри,Гуардадо,Гомез,Сисоко и Роси од кои се очекува да играат голема улога во шрестојната сезонааа во која екипата нА Фиорентина влагаат со големи амбиции.

Можно е да се очекуваат и многу повеќе трансфери доколку Адем Љајич или Стеван Јоветич си замине од клубот.